Дури 12 минути судиско надополнување имаше во првиот дел во Монпелје откако Хазири три минути пред 45-та доби црвен картон, па Нант поведе во тоа надополнување со гол на Жирото, а Вахи во 67-та потоа беше исклучен за Монпелје да остане со деветмина и сѐ на крај да заврши со уште два експресни гола преку Мостафа Мохамед и Биас во три минутен период од 81-та до 84-та минута.
Со поразот Монпелје остана на 17 бода, две позиции над опасната зона и само со два повеќе од загрозените, додека Нант со 21 бод и позитивна серија од пет меча без пораз заплива во помирни води.