„Ќе се вратам со големи гради и повеќе музика“

Пејачката Џеси Џеј открива за својата дијагноза на рак на дојката

Британската пејачка Џеси Џеј (37) во свое емотивно видео објави дека ѝ е поставена дијагноза на рак на дојката во рана фаза.

Во обраќањето до своите обожаватели, таа нагласи како долго време размислувала дали да ја сподели оваа вест со јавноста.

„Сакам да го споделам ова со вас, моите обожаватели. Отсекогаш сум била отворена за својот живот. Пред објавувањето на песната ‘No Secrets’, ми беше дијагностициран рак на дојката во рана фаза“, напиша Џеси на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа особено ја истакна важноста на зборот „ран“, велејќи: „Ракот е страшен во кој било облик, но она што ми дава надеж е тоа што е во рана фаза. Постојано бев на прегледи и тестови во тој период.“

Џеси истакна дека сака да биде искрена за своето искуство не само за себе, туку и за другите.

Во својот типичен хумористичен стил, таа се пошегуваше, додавајќи дека на некој начин добива „уште една шанса за зголемување на градите“.

„Се чини дека постои многу драматичен начин за зголемување на градите. Не ме очекувајте по Летниот бал на 15 јуни, бидејќи морам да одам на операција. По тоа ќе се вратам со нови градини и нова музика“, се пошегува таа.

Во описот на видеото, Џеси сподели и свои чувства, признавајќи колку е тешко да се балансираат убавите моменти со личните борби.

„Шегата настрана… Знаеш дека хуморот ми е механизам за преживување, но последните два месеца беа навистина интензивни. Во исто време, ова се случува и ми дава нова перспектива за животот. Но… На твојата девојка ѝ треба прегратка“, пишува таа, додавајќи неколку комични ремарки во врска со операцијата.

Многубројни пријатели и обожаватели ѝ испратија пораки со поддршка и љубов во коментарите.

За потсетување, Џеси Џеј стана мајка во 2023 година, раѓајќи син со момчето Чанан Колман. Таа ја потврди среќната вест со трогателно видео на Инстаграм, во кое напиша: „Сè уште не можам да верувам дека си мој, само полека навикнувам на фактот дека јас сум твоја мајка.“

Еден месец подоцна, таа ја откри и името на својот син – Скај Сафир Корниш Колман. Џеси доживеа спонтан абортус во 2021 година, по што во поткастот „Дневникот на еден извршен директор“ сподели како се чувствувала во тој трагичен момент, велејќи: „Никогаш не сум се чувствувала поосамено од таа ноќ кога се вратив дома.“