Ќе се снима и петта сезона на „Cougar Town“

TBS објави дека хумористичната серија на Бил Лоренс (автор на серијата „Scrubs“), „Cougar Town“, во која главната улога ја има вечната „пријателка“ Кортни Кокс, ќе има и петта сезона. Инаку, четвртата сезона на серијата е прва што се емитува на кабелскиот канал TBS откако три години помина на ABC.

Кога серијата ја доживеа својата премиера во 2009 година беше дочекана со не толку позитивни критики, но по првите десет епизоди Лоренс сосема го смени фокусот од заводничката на млади момчиња, свежо разведенета Џулс Кобс (Кортни Кокс) на необична група пријатели кои обожаваат вино.

Cougar-Town-saying-hello-to-Traviss-new-gfriend

Лоренс го искористил потенцијалот што го видел и серијата со секоја нова епизода и сезона добиваше сѐ повеќе позитивни оценки од критичарите за на крај да се најде и на повеќе годишни листи на најдобри комедии.

Ако сѐ уште не сте ѝ  дале шанса на оваа група чудаци во серијата сосема неповрзана со насловот, сметаме дека е конечно време да го сторите тоа.

- Реклама -