Ќе се гради музеј на баба Ванѓа

baba_vangja_ppБугарската влада во минатиот четврток донела одлука за отворање музеј
во чест на покојната јасновитка баба Ванѓа. Музејот ќе биде отворен во
Петрич, а владата веќе донира државно земјиште за неговата изградба,
јавуваат бугарските медиуми.

baba_vangjaБугарската влада во минатиот четврток донела одлука за отворање музеј во чест на покојната јасновитка баба Ванѓа. Музејот ќе биде отворен во Петрич, а владата веќе донира државно земјиште за неговата изградба, јавуваат бугарските медиуми.

Во него ќе бидат изложени многу од приватните предмети на баба Ванѓа, како и многу фотографии. По смртта на баба Ванѓа, чие име било Вангелија Гуштерова, бил пронајден нејзиниот тестамент во кој се вели дека таа и' ги остава сите материјални добра што ги поседува, вклучувајќи ги и банкарските сметки, на државата.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Баба Ванѓа, слепата селанка чија моќ за претскажување и' донесе статус на светица во цела Бугарија, починала во 1996 година. Родена е во Струмица, Македонија, во 1911 година. Видот го изгубила во текот на една бура кога имала 12 години. Таа тврдела дека својата претскажувачка моќ ја црпи од античкиот град под нејзиното село Рупите во југозападна Бугарија. Во текот на својот живот таа советувала повеќе од милион луѓе, меѓу кои биле дел од најпочитуваните бугарски интелектуалци и политичари, а била позната на целиот Балкан.

виа.

 

- Реклама -