Кисинџер: Со Сирија, Русија го разби геополитичкиот модел

Руските воени сили во Сирија и нивното учество во борбените операции претставуваат предизвик со каков што САД, во својата блискоисточна политика, се немаат конфронтирано најмалку четири децении, пишува Хенри Кисинџер во статијата за “Волстрит журнал”.

618x412[1]

Руските воени дејствија во Сирија се последниот симптом на распадот на американската улога во одржувањето на редот на Блискиот Исток, кој беше утврден по арапско-израелската војна од 1973 година. По овој конфликт Египет му го врти грбот на Советскиот Сојуз и се вклучува во преговарачкиот процес поддржан од Америка, кој доведе до мирни договори меѓу Израел и Египет и Израел и Јордан. Подоцна во обид да го завземе Кувајт, Садам Хусеин е поразен од коалицијата предводена од САД, а потоа САД ја предводи и војната против тероризмот во Ирак и Авганистан – пишува екс-државниот секретар на САД, нагласувајќи го недостатокот на руско воено присуство во регионот во тоа време.

Денес, геополитичкиот модел е разбиен – четири земји во регионот веќе не функционираат како суверени. Либија, Јемен, Сирија и Ирак, сите се мета на недржавни формации кои се обидуваат да ја наметнат својата власт.

Според Кисинџер, Иран најверојатно е најмоќната земја во регионот и претставува двојна закана за сунитските држави. Од една страна, Иран делува како легитимна држава, согласно Вестфалскиот модел, а од друга, организира и раководи недржавни играчи како Хезболах во Либан и Сирија, Хамас во Газа и хусите во Јемен.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

За Кисинџер, токму повлекувањето на САД од Блискиот Исток и овозможи шанса на Русија да преземе досега невидено важна улога на Блискиот Исток.

Москва стравува дека евентуалниот пад на режимот на Башар Асад ќе ја претвори Сирија во база за терористички операции кои ќе прелеат и зад Кавказ. Активностите на Русија се геополитички, а не идеолошки, и имаат за цел да ја дезориентираат сунитската муслиманска терористичка закана од правец на јужните граници.

САД велат дека се решени да ги отстранат Асад, но не се подготвени да извршат ефикасно политичко или воено влијание, да се постигне оваа цел, а и не можат да понудат алтернативна политичка фигура, која би го заменила. Тоа создаде вакуум во кој се провлекоа Русија, Иран, ИСИЛ и разни терористички организации, пишува Кисинџер.

Уништувањето на ИСИЛ е итна задача од расправии со Асад, кој ионака загуби повеќе од половина од територијата која некогаш ја контролираше. Ако Русија ги ограничи напорите само на борба против ИСИЛ, тогаш веројатно ќе се избегне ситуацијата на тензични односи со САД, како во времето на Студената војна, пишува Кисинџер.

- Реклама -