Фејсбук статус на пратеникот на СДСМ – Александар Кирацовски
„Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно. Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.
Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите. Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети. Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.
Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи. Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време. Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем“, пишува Кирацовски.
А доколку Обвинителството го послуша, листата, за волја на вистината, ќе биде доста долга.
итн… итн…