Кирацовски: Апасиев е молотовиот коктел што 40 илјади сограѓани го фрлија врз Парламентот

Фејсбук статус на Александар Кирацовски, поранешен пратеник и генерален секретар на СДСМ

Не судете го пратеникот од Левица. Начинот на кој тој пишува и зборува, кажува за него. Но, тоа што тој е присутен во Собранието, зборува за нас…

Апасиев е молотовиот коктел што скоро 40 илјади сограѓани го фрлија врз македонскиот Парламент, за да нѐ опаметат! Повеќето од нив се млади луѓе, поборници за праведна држава, а ние со нашето (не)постапување по многу битни општествени прашања, им ги обезбедивме шишето, бензинот и крпчето! Нивна беше само искрата која го разгори поривот за фер општество!

Првиот момент кога ќе обезбедиме правда, во што сум убеден, кога криминалците (особено од претходната власт) ќе одговараат, а корупцијата ќе биде сведена на нула, ќе исчезни и потребата од овој тип политичари!

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

- Реклама -