Велат дека она што е скршено еднаш не може лесно да се залепи, ама за Јапонците нема нешто што е невозможно 🙂
Кинцуги (или уште “кинцукуроj”) е јапонски метод при кој скршени керамички садови се лепат со специјален лепак, измешан со злато или сребро.
Како што сите уметности на Земјата на изгрејсонцето, имаат одредена филозофска смисла, така и оваа техника има своја приказна. Идејата е дека секој предмет има своја историја која не треба да се занемарува, само затоа што тој е скршен. Наместо да се исфрли тој треба да се поправи – при тоа претворајќи го во нешто поубаво дури и од оригиналот.