Кинезот што реши радикално да слабее

https___blueprint-api-production.s3.amazonaws.com_uploads_card_image_123530_16529669_1200x1000_0[1]

Секојдневната пракса на 54-годишниот Кинез од Џилин, го претвори во урбана легенда во родниот град. Секој ден, Конг Јанг ја отпешачува зацртаната дистанца, притоа балансирајќи камен од 40 килограми на главата.

Локалните веќе се навикнати да го гледаат како ги пешачи улиците со „камениот турбан“, бидејќи Јанг вака спортува во последните 4 години. Со тренингов почнал кога начукал 115 кила, што е прилично нездраво за неговата висина од 1.63 метри.

https___blueprint-api-production.s3.amazonaws.com_uploads_card_image_123534_16529664_1200x1000_0[1]

„На почетокот само сакав да ја испробам оваа вежба, бидејќи мислам дека е поздраво од тоа да пиеш апчиња за слабеење. Вежбањето имаше ефект“, вели Конг.

Решен да го замени стариот начин на живот со нов и поздрав, Конг започнува носејќи камен од 15 килограми. Со тек на времето, достигнува до денешниот, од 40 килограми. Во првата година пешачи по 1.5 километри на ден и успева да симне 30 килограми. Сека може да помине и 3 километри, а кон својот тренинг додава и бокс и трчање – сето тоа без да го симне каменот од главата.

Тренингот башка, Конг сега има и нова цел – еден ден да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

https___blueprint-api-production.s3.amazonaws.com_uploads_card_image_123528_16529665_1200x1000_0[1]

- Реклама -