Компанијата Cammus, голем производител на автокомпоненти, во 2014 одлучи да се испроба и о областа на производството на автомобили, поради што основа сестринска фирма со име Windbooster, која наскоро ќе го лансира првиот сериски модел под името Titan.
Првично компанијата лансираше трансформација на сериски модели од друг производител, во електричен, односно врз каросеријата на Toyota GT86 (150 kW, 204 КС, 500 Nm, 0-100 km /h за 5,9 сек., автономија со едно полнење 200-250 km). Денес Кинезите се веќе подготвени со сопствен електромобил со име Titan и тоа од категоријата supercar, кој треба да излезе на пазарот во почетокот на следната година. Машината има два мотори со вкупна моќност од 400 kW (544 КС и 1000 Nm), што и овозможува да забрза од место до 100 km/h за 3,9 секунди, а до 200 за 5,9 секунди. Според податоците на производителот максималната брзина е 260 km/h, а автономијата со едно полнење околу 400 километри.
Димензиите на спортското купе се: должина 4.500 mm, ширина 1.950, висина 1.200, a меѓуоскиното растојание е 2.650 mm. Разпредeлбата на тежината по оски е 40:60 напред/назад. Името на автомобилот не е само ископирано од Nissan и Apple, туку има основа – цевкастата рамка на машината е изработена од челични цевки и титаниум. Ентериерот е со кожа, а користени се и дрвени апликации. Наместо аналоген прибор се користи екран со дијагонала од 12,3 инчи. Моторите се активираат од големо црвено копче во средината на предниот панел, а режимите на движење – возење, неутрално и назад, се префрлуваат со копчиња на централната конзола. Акумулаторот на автомобилот е производство на Panasonic и е со водено ладење. Работниот напон е 500 V, a капацитетот 72 kWh. Полнењето преку мрежа е за седум часа, а при користење на посебна полнач станица за час и половина.