Кинезите примиле 1.7 милијарди дози вакцини против коронавирусот

Пекинг, 5 август 2021 (МИА) – Кинезите досега примиле повеќе од 1.7 милијарди дози вакцини против коронавирусот, соопшти денеска кинеската медиумска група (ЦМГ).

Според Националната здравствена комисија, Кина, со население поголемо од 1.41 милијарда лица, има цел до крајот на годината преку масовна имунизација да постигне колективен имунитет на населението.

-За да се постигне целта, 83,3 проценти од вкупното население мора да се вакцинира, рече неодамна кинескиот експерт за респираторни заболувања Јунг Наншан.

Ова значи дека околу 1.17 милијарди луѓе треба целосно да се вакцинираат.

Повеќето од Кинезите досега примија вакцини од Синофарм или Синовак, а професорот Јунг вели дека кинеските вакцини се ефикасни против делта варијантата на вирусот и се многу безбедни.

За да се забрза темпото, поставени се места за привремена вакцинација во трговски центри, железничките станици, универзитетски населби, деловни згради и станбени заедници низ Кина.

- Реклама -