Во Кина изградија 57-катна зграда за 19 дена.
Облакодерот Mini Sky City се наоѓа во Чангша, главниот град на провинцијата Хунан. Градежниците го прават невозможното за да го изградат во неразумно краткиот рок – секој ден креваат три спрата. Зградата има 800 апартмани и канцеларии за 4.000 лица.
Првично во инженерскиот проект е во прашање изградбата на 220 ката, но висината е редуцирана.
Mini Sky City е изградена од префрабрикувани панели, со тоа што некои делови се составувани пред да се донесат на градилиштето, а останатите на лице место. На овој начин изградбата освен што е брза, е и особено корисна за животната средина. Поради претходна монтажа на панели се заштедени 1.500 камиони, за превоз на материјали, што значително ги намали емисиите и трошоците за гориво.
Компанијата-рекордер Broad Sustainable Building веќе издигна една зграда во Чангша за 15 дена.