Еден Кинез по име Ли, стана вистинска ѕвезда откако се обиде да ја подметне во авион неговата желка преправена во хамбургер. Комичниот настан се случил на 29 јули, на летот 345 до Пекинг, но за жал, амбициозниот Кинез беше откриен и желката му беше одземена.
И покрај тоа што X-ray зраците го разоткрија „генијалниот“ план на Ли, тој до самиот крај не се откажувал од планот велејќи им на чуварите дека „нема никаква желка во торбата, и дека има само хамбургер“, пишува „South China Morning Post“.