Кинеско МНР: САД се империја на лагите

САД се „империја на лагите“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, изразувајќи огорченост од извештајот на американскиот Стејт департмент во кој се обвинува Пекинг дека дава милијарди долари годишно во напорите за манипулација со информациите.

Кина манипулира со светските медиуми преку цензура, собирање податоци и тајно стекнување на странски вести, се вели во извештајот на американскиот Стејт департмент објавен во четвртокот.

И покрај невидените ресурси посветени на кампањата, Пекинг се соочи со „големи неуспеси“ во своите акции против демократиите поради противењето на локалните медиуми и граѓанското општество, се вели во извештајот.

„Извештајот ги игнорира фактите и самиот е лажен“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Службите на американскиот Стејт департмент што го подготвија извештајот „биле извор на лажни информации и командувале со „когнитивна војна“, соопшти кинеското министерство.

„Фактите постојано докажувале дека САД се „империја на лагите“, се додава во соопштенеито на кинеското МНР.

МИА

- Реклама -