Кинеските астронаути јадат кучешко месо

China_1st_astronaut-Yang_Liwei_landedПрвиот кинески астронаут во вселената, Јанг Ливеи, откри дека тој и колегите силата која им е потребна за орбитирање околу Земјата ја добиваат јадејќи кучешко месо.


001109b42f980a341a2e04Првиот кинески астронаут во вселената, Јанг Ливеи, откри дека тој и колегите силата која им е потребна за орбитирање околу Земјата ја добиваат јадејќи кучешко месо.

Овој 44-годишен воен пилот, кој беше на чело на мисијата Shenzhou Five во 2003 година, во својата автобиографија откри некои поединoсти за менито и кујната во своето вселенско летало. „Многу мои пријатели ги интересира што јадеме (во вселената), тие се убедени дека астронаутите сигурно јадат некакви скапоцени деликатеси, како перки од ајкула, пишува Ливеи. „Всушност, ние јадеме сосем нормална храна, нема потреба тоа да се држи во тајност.“

На списокот со јадења се наоѓа пилешко, риба, и кучешко месо од областа Хуаџијанг во Гуангдонг, кое во Кина е прочуено по својата хранливост. Локалната изрека од југот на Кина вели дека „куче од Хуаџианг за човекот  е подобро од ginseng“, билка која игра голема улога во традиционалната кинеска медицина. Ливеи напоменува дека исхраната на астронаутите е посебно избрана од страна на кинеските нутриционисти.

Борците за права на животните бурно реагираа на ова зошто мислат дека Ливеи, кој е национален херој и идол на милиони млади луѓе, со своите изјави го популаризира кучешкото месо и дава лош пример. Џил Робинсон, основачот на организацијата Animals Asia, вели дека се надева оти Ливеи ќе сфати дека и кучињата се херои: без нивната помош не би било возможно да се пронајдат бројните настрадани во сечуанскиот земјотрес. Покрај тоа, ни безбедноста на Олимписките игри одржани во Кина не би била на високо ниво да не беа кучињата. „Сигурно заслужуваат подобро од тоа.“заклучува на крај Робинсон. [China’s first man in space reveals astronauts ate dog meat to keep up their strength]

- Реклама -