Сун Џифа би требало да биде инспирација за секого. Откако ги загубил двете раце при експлозија на бомба која тој ја создал тој поминал 8 години создавајќи замена.
Тој лично го создал системот кој ги контролира неговите бионички раце. Тие изгледаат неверојатно и функционираат одлично. Сун не можел да си дозволи да купи вештачки раце од болницата па решил да ги создаде користејќи метал, жици и полуги кои ги нашол на отпад.
Тој вели: „Ги контролирам со движењата на лактите и можам да работам и да се движам нормално и можам сам да се хранам како и секој друг. Единствениот проблем е што челикот кој го употребив е доста тежок, па рацете ме заморуваат, а од екстремните температури од лето и зима тие стануваат или жешки или многу студени.“
Сун додава дека планира да продолжи со создавање на бионички раце за други луѓе со слични потреби кои не можат да си ја дозволат верзијата од болниците. [Chinese man spends eight years building himself new arms after DIY accident]