Провинцијата Женгжу во Кина, годинава има необичен проблем.
Имено, пченката роди фантастично големи количини, а приносот е толку голем што оние што живеат од одгледувањето на оваа култура не знаеја каде ја сместат жетвата.
Немајќи доволно простор за сушење на пченката, мештаните решија да го искористат новиот автопат во изградба, кој сеуште не беше пуштен во употреба. Резултатот – надреални глетки на автопат прекриен со пченка.
Не требаше долго за ваквиот настан да стигне до медиумите, а јавноста уште повеќе се заинтересира кога автопатот беше отворен за сообраќај, а бајката се претвори во кошмар за возачите.
Мерак за очи или фрустрирачко возење, автопатот веќе доби траен надимак – „Златниот пат“.