Кинески златари профитираат од кралската свршувачка

прстениБританија е далеку од Кина, но кинеските произведувачи на накит профитираат од британската кралска свршувачка создавајќи десетици илјади реплики на свршувачкиот прстен. Минатиот ноември принцот Вилијам и неговата свршеница го покажаа прстенот со син сафир опкружен со дијаманти кој и припаѓал на принцезата Дајана.

Десетина фабрики во источниот кинески град Јиву во провинцијата Жеџианг, забрзано проиведуваат копии на прстенот за да одржат чекор со зголемената побарувачка на глобално ниво. Златарот Жу Мингванг вели дека веднаш  штом била објавена свршувачката ја искористил шансата да создаде реплики на прстенот. „Кога ја најавија свршувачката, случајно го видов прстенот преку интернет. Почувствував дека е одличен комеморативен производ и мислев дека ќе има голема побарувачка“ додал Жу.

Жу вели дека неговата компанија одлучила да го постави прстенот на нивниот вебсајт, по што започнале да добиваат барања. Фабриката на Жу нуди четири различни модели кои имаат мали разлики во дизајнот и различни бои. Најевтината верзија е направена со акрил и легури, додека најдобрата верзија е направена со циркон и бакар обложен со сребро. Тој вели дека фабриките кои произведуваат реплики морале да направат мали промени во дизајнот или големината за да избегнат законски проблеми.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

„На пример, оригиналниот прстен има четиринаесет вдлабнатини, ние го менуваме да бидат десет или четири. Направивме мали промени за да ги избегнеме ваквите проблеми“. Цената на оригиналниот прстен е проценета на околу 47000 долари, но имитациите се продаваат на големо за цени од 3 јуани (0,45 долари) до 50 јуани (7,56 долари) за прстени направени од подобри материјали. [Chinese manufacturers cash in on royal wedding]

- Реклама -