Кинески пронајдоци кои го променија светот

MFgunpowderМожеби денес кинеските производи се синоним за евтино и лесно расипливо, но ниедна од древните култури не го потпомогнала развојот на човечката цивилизација како кинеската.


MFgunpowderМожеби денес кинеските производи се синоним за евтино и лесно расипливо, но ниедна од древните култури не го потпомогнала развојот на човечката цивилизација како кинеската.

Барут – веројатно најпознатиот кинески пронајдок. Легендата вели дека барутот бил случајно откриен кога еден кинески алхемичар барал серум за бесмртност. Иронично, она што го открил било нешто што лесно може да одземе човечки живот. Раниот барут бил мешавина од калиј нитрат, јаглен и сулфур, а за прв пат бил опишан во 1044 во „Колекција на најважните воени техники“.

Компас – оргиналниот кинески компас бил прилагоден така да покажува кон југ. Причината за тоа е што Кинезите го сметале југ, а не север, за главен правец. Најраните компаси биле изработени во 4 век п.н.е и содржеле мегнетен оксид.

Хартија – глинените плочки, бамбусот, папирусот и каменот се едни од првите површини кои се користеле за пишување. Нештата се промениле кога Кинезот со име Цаи Лун го открил прототипот на модерната хартија. Пред неговиот изум, Кинезите пишувале на тенки површини бамбус и свила, но во 105 година н.е., Лун создал мешавина од дрвени влакна и вода која ја претворил во ткаенина. Ткаењето овозможило течноста да испари што резултирало со сирова хартија.

Количка – генералот со име Југо Лианг, кој живеел за време на династијата Хан во 2 век, се смета за одговорен за концептот за количка со едно тркало со која се превезува тежок товар. Концептот на Југо сепак имал еден недостаток – немал рачки, до кои се дошло со подоцнежното усовршување. Употребата на количката била првенствено од воена природа, а Кинезите овој пронајдок го држеле во тајност со векови.

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД

Тестенина – изгледа дека Кинезите, а не Италијанците или Арапите, ја измислиле тестенината, и тоа пред повеќе од 2.000 години. Во 2006 археолозите кои вршеле ископувања во 4.000 години старото наоѓалиште во провинцијата Квингхаи, во близина на Тибет, откриле чинија со тестенини закопана под земја. Ова би можело да биде и најстарата тестенина на светот, а била направена од два типа зрна просо кое во Кина се одгледува околу 7.000 години.

Seismograph1_-_CopyСеизмограф – иако Кинезите не можеле точно да ја предвидат јачината на земјотресот, сепак го измислиле првиот сеизмограф. Не само што кралскиот астролог Чанг Хенг ја измислил оваа направа во времето на династијата Хан, во раниот втор век, туку направил и извондредно убав изум, со мноштво украсни детали од кои секој имал некаква намена.

Алкохол – долго време се сметало дека алкохолната ферментација се создава од други, слични процеси. До почетокот на 3 век, Кинезите откриле како да ги преработуваат производите како оцетот или соја сосот користејќи ги техниките на ферментација и дестилација. Набрзо после тоа следеле и алкохолните пијалоци.

Змејови – двајца Кинези се одговорни за откривањето на хартиените змејови кои летаат на ветар. Во текот на 4 век п.н.е., уметникот Гонгшу Бан и филозофот Мо Ди го конструирале овој изум. Змејовите во меѓувреме нашле и друга употреба освен забавата. Биле користени за риболов, во воени цели, за пропаганда итн.

Свила – методот на манипулирање со свилените буби и производството на свила постоел пред 4.700 години. Свитокот кој го содржел описот на свилата, беше пронајден во гробница од Лиангжу периодот кој траел од 3333 до 2200 година п.н.е.

- Реклама -