Домот на овој кинески професор изгледа интересно на прв поглед, но неговите соседи не можат да му го простат.
Тој изградил остров за егзотично бегство од реалноста на врвот на станбена зграда, во центарот на главниот град Пекинг.
Џанг Лин не се помачил да се консултира со своите соседи пред да го започне сложениот градежен проект, а во својот план не ги вклучил ни локалните власти.
Професорот е опишан како “ексцентричен”, но дури и тоа изгледа недоволно како дефиниција пред грандиозниот план.
Лин ги посветил последните шест години од својот живот на изградбата на вештачка планина на станбениот комплекс во кој жевее.
Дизајнот на оваа „планина“ дефинитивно импресионира!