Кинески правила за следење на Светското првенство

КинаВо Кина, гледањето на Светското првенство е многу важна работа. Една компанија од Пекинг поставила соопштение за своите вработени со кое, наместо да им забранува гледање или да ги казнува, едноставно се воспоставуваат правила…

Во Кина, гледањето на Светското првенство е многу важна работа. Една компанија од Пекинг поставила соопштение за своите вработени со кое, наместо да им забранува гледање или да ги казнува, едноставно се воспоставуваат правила…

Кина1. За време на Светското првенство, почетокот на работното време се поместува од 9:00 во 10:30.

2. Во собата за освежување е додаден Ред Бул, за вработените да можат да се ревитализираат. Сепак, количините се ограничени на 2 шишиња по човек дневно. Ве молиме почитувајте ги правилата при пиење.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

3. За време на Светското првенство, компанијата ќе организира натпревар во предвидување. Натпреварувачите ќе го погодуваат шампионот, а оној што ќе победи, ќе добие XBox (проверете си мејл за деталите за учество).

4. Во секој ден кога Бразил игра, компанијата ќе организира групно гледање во „Гуска и патка“, за кое ќе ги плати сите пијачки (заинтересираните треба да се пријават кај Ксу Ли од администрација пред 11 јуни).

5. Доколку Бразил стане шампион, целата компанија ќе оди на вечера во „Златниот јагуар“, вечерта на 12 јули.

Горенаведените мерки важат сѐ додека не влијаат врз работата.

- Реклама -