Кинески мудрости како најубавите мисли на денот

„Мудар си како кинеска мудрост“. Од овие пораки навистина може многу да се научи.

1. И најдалечните патувања почнуваат само со еден чекор.

2. Оној кој знае, не зборува. Оној кој зборува, не знае.

3. Не грижи се дека се одолговлекува, грижи се да не застанеш.

4. Не зборувајте, ако тоа нема да ја промени тишината кон подобро.

5. Силниот совладува препреки, мудрецот – целиот пат.

6. Куќата во која што се смеат, е побогата од палатата, каде што е досадно.

7.  Ако се сопнеш и паднеш, тоа уште не значи дека не одиш правилно.

8.  Не се плаши дека не знаеш, плаши се, ако не учиш.

9. Наставникот само ги отвора вратите, оттаму понатаму одите сами.

1о. Колку и силно да дува ветрот, шумата нема да се поклони пред него.

11. Нема пријатели без недостатоци; ако бараш недостатоци, ќе останеш без пријатели.

12. Оној кој прснува во плач, не може да има црно срце.

13. Подобро да си човек еден ден, отколку илјада дена да си сенка.

14. Никој не се враќа од патување ист како порано.

15. Човекот кој може да премести планина, започнал со локалните мали камчиња.

16.  Оној кој ги познава другите е мудар. Оној кој се познава себе си е просветлен.

17. Ако сакате да земете, морате прво да дадете – тоа е почетокот на интелигенцијата.

- Реклама -