Секој сопственик на автомобил преферира да го чува своето возило заштитено во гаража, но во градовите тоа е луксуз кој малкумина можат да си го дозволат.
Како по обичај, Кина е таа што го има решението. Овие монтажни гаражи лесно се поставуваат на било кое обично паркинг место и располагаат со заштитна навлака на извлекување, која работи на далечинско управување. Гаражата се напојува со соларна енергија.
Со оглед на важноста на секој слободен милиметар во градскиот простор, овие гаражи сигурно добро би се продавале кај нас, исто како што тоа е случај и во Кина. Додуша, Кинезите предупредуваат дека морате да сте добар возач за да можете прецизно да го паркирате автомобилот во една ваква гаража.