Премиерата на филмот „Господар Шијанг и шесте Кралства“ во Кина се очекува во 2016. година.
Во ерата на анимирани блокбастери кои ги прават познатите продукциски куќи, нема многу ситуации во кои најава за нов „цртан“ филм може да ја шокира јавноста.
Но, тука се појавува „„Господар Шијанг и шесте Кралства“. Пет минути најава за новиот кинески анимиран филм изгледа како некој да посакал да направи микс на „Седумте Самураи“ на Куросава, но со визија на „Господарот на прстените“, низ објективот и на начин на традиционалните виртуози од Студиото Гибли.
Филмот, анимираниот дел, е дело на само двајца мајстори – Ли Вејл и Пеј Феј, кои анимираниот свет го оживеале со цртежи, кои што ја следат темата на романот од 16 век, “Fengshen Yanyi”, настанат за време на династијата Минг.