Кинеската влада ги контролира и погребите

Кинеските власти бараат од партиските членови и функционерите  да приредуваат погреби кои се цивилизирани и скромни.

„ Членовите на партиите и официјалните лица треба да пружаат пример, така што ќе ги погребуваат своиите најмили едноставно и цивилизирано. Не смее да има погреб во стамбени зони, на улици и јавни места. Обредите кои инспирираат празноверие треба да се избегнуваат“, се наведува во упатството на највисоката власт во Кина.

Погребите во Кина се повеќе стануваат полигон за искажување на богатства и врски. Се алудира на раскош и број на повикани, што би требало да ги симболизира „достигнувањата“ на покојниот, но и да постави предизвик за натпреват.

„ За починатите членови на Комунистичката партија на Кина и функционерите генерално не треба да се организираат посебни погребни церемонии и оплакувања, освен ако тоа не го дозволи државата“, се наведува во документот. Раммките на погребите ќе бидат строго контролирани.

Документот заеднички го објавија кинеската влада и Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

- Реклама -