Кинеска компанија „печати“ куќи за само 3 часа!

3D-печатените домови во светот и не се баш новост, но брзиот прогрес во оваа индустрија продолжува да импресионира. Неодамна беше актуелна една кинеска компанија што користи специјално дизајниран 3D принтер за да креира пространи „еко-френдли“ домови за рекордно кратко време. Сега, една друга кинеска компанија го усоврши процесот и успешно го прави невозможното – гради целосно функционални домови за само 3 часа!
1
Револуционерната нова технологија е дело на Zhuoda Group, компанија од централна Кина. На 17 јули, тие поставија двоспратна вила изградена од претходно конструирани и фабрички испринтани компоненти, донесени и составени со помош на кран. Инстант-вилите чинат околу 564 долари по метар квадратен, што е далеку пониска цена од моменталниот стандард во оваа индустрија.

2

Претставници на компанијата тврдат дека нивните 3D домови користат „мастило“ на поинаква база, што не е цемент. Не го открија тајниот рецепт, но убедуваат дека нивниот материјал е далеку поевтин, но и поиздржлив. Дополнително, тие тврдат дека нивните вили траат минимум 150 години и дека можат да издржат земјотреси од висок степен. Материјалот е огноотпорен и водоотпорен, а притоа не содржи формалдехид, амонијак, радон или други слични штетни елементи.

3

90% од вилите на компанијата се изработени во фабрика, исто како што е тоа случај и со продукти како чевли и телефони. Сé, од внатрешната декорација, електричната инсталација, водоводните цевки, па до кујнските елементи, е изработено преку технологијата на 3D печатење.

4

Инаку, презентацијата на поставување на вилата започна во 9.30 наутро – работниците ги составија сите делови како да се градежни блокови, со помош на кран. Прва беше составена дневната, а потоа спалната, кујната и бањата на првиот кат, па терасата и останатите соби на вториот кат – сето тоа за помалку од 3 часа!

5

Благодарение на нашите специјални материјали, составувањето на куќите е навистина брзо. Тоа што 90% од куќите се комплетирани во фабриката уште пред да пристигнат на самото место ни дава можност не само да го избегнеме загадувањето предизвикано од традиционалните градилишта, туку и драматично ги редуцира градбените трошоци“, вели потпретседателот на Zhuoda Group.

12

Компанијата работи на тоа да ја патентира технологијата, за која се очекува наскоро да биде достапна за широка потрошувачка. Компанијата најавува дека нивните потрошувачи ќе можат да изберат и опционални прилагодувања – материјалот може да се направи да изгледа како жад, мермер, дрво, гранит и други декоративни текстури. Потрошувачите имаат и опција да изберат ѕидови со вметнати кинески билки, за „вградена автоматска ароматерапија“.

7 8 9 10 11

- Реклама -