Кинеска интернет сензација: Директорски час по физичко (ВИДЕО)

Според законот, кинеските училишта се обврзани на учениците да им овозможат 30 минути дневно пауза за вежбање и релаксација. Но тоа што се случува во основното училиште Xi Guan во кинеската провинција Шанкси, е многу повеќе од тоа.

Видеа од танцот на учениците од ова училиште ги преплавија кинеските друштвени мрежи, а потоа и светот. Од две причини: Прво, зашто ретко се гледаат толку деца да танцуваат вака координирано. Второ, зашто овој што им е на чело е директорот на школото. Се вика Zhang Pengfei и има 40 години. Танцот го научил сам, на своја иницијатива и без ничија помош, а потоа ги научил и учениците:

Првично кинеската јавност мислеше дека директорот го прави ова со единствена цел да ги размрда децата, со оглед дека поминуваат огромен дел од времето на компјутери и смартфони. Но откако видеото стана вистинска интернет сензација и собра доволно внимание, директорот Жанг објасни дека тоа не е целата вистина.

Имено, како што рековме, училиштето е должно на децата да им обезбеди време и простор за физичка активност. Проблемот е што овде игралиштето нема капацитет да собере 700 растрчани ученици, а уште помалку 700 ученици кои истовремено би играле неколку различни спортови. Жанг, сакајќи да го реши проблемот, а притоа водејќи сметка на децата да им биде забавно (наместо по 30 минути секој ден да ги прават истите здодевни вежби), решава да научи забавен танц кој гарантирано ќе ги освои и учениците. Се разбира, неговиот „рецепт“ е применлив и во еден куп други училишта, под услов, нели, и нивните директори да мислат пред сé на децата и тоа што е добро и забавно за нив.

Е па ете – вака изгледа кога прав човек е поставен на правата позиција:

- Реклама -