Кина се противи на санкциите Велика Британија, ЕУ и САД врз нејзини компании поврзани со Русија

Кина силно се спротивставува на одлуките на Велика Британија, ЕУ и САД да воведат санкции врз нејзините компании поради причини поврзани со Русија, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави нови трговски ограничувања за 93 компании од Русија, Кина, Турција, ОАЕ, Киргистан, Индија и Јужна Кореја поради поддршката на руската инвазија на Украина.

ЕУ минатата недела го одобри сопствениот пакет радикални мерки против Русија, вклучително и против некои кинески фирми и компанија со седиште во Хонг Конг, а рестриктивните мерки на Британија објавени пред неколку вклучуваат санкции за три кинески компании.

„Кина одлучно ќе ги заштити легитимните права и интереси на кинеските компании“, се вели во три коминикеа на веб-страницата на кинеското Министерство за трговија.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

Најновиот пакет санкции има за цел да ги спречи компаниите ширум светот да ги заобиколат мерките што веќе се во сила за да ја спречат Москва да набави воена техника или опрема потребна за надополнување на залихите на муниција и друга воена стока.

- Реклама -