Кина сé почесто поставува специјални паркинг места за жени

Во западниот свет такво нешто би предизвикало скандал, ама во Кина се секојдневие. Таму сé почесто „им помагаат“ на женските возачи да паркираат, поставувајќи посебни паркинг места наменети исклучиво за нив. Ќе ги забележите по тоа што се добро осветлени, обележани со розево, имаат „женски симбол“ и граничници за тркалата.

Овој принцип во подземните гаражи во Кина се применува со години, а сега сé почесто „женските“ паркинг места се поставуваат и на градските сообраќајници. Најновиот во низата примери доаѓа од севернокинескиот град Шенгјанг, каде во пилот проектот се поставени десет паркинг места со розева боја и натпис „Woman Car (parking) Place”. Ако овие заживеат (под тоа веројатно се мисли возачите да не ги избегнуваат), градските власти ќе постават неколку стотици, низ целиот град.

Прочитајте и:  Александра Кардалевска: Жените зад камерите го менуваат лицето на македонскиот филм!

Димензиите на женските паркинг места се 7.3 x 3.5 метри, што е значително повеќе отколку стандардните 6 x 2.5 метри. Притоа, за да се спречи злоупотреба, чувани се од чувари, а се и под видео надзор. Единствено што имаат заедничко со регуларните паркинг места е цената.

- Реклама -