Возот базиран на Autonomous Rapid Transit (Art) систем, кој кинескиот град Zhuzhou го претстави на 2 јуни, долг е 30 метри и е опремен со сензори кои ги детектираат димензиите на патот. Ова му овозможува да следи одредена рута без потреба од метални или друг вид шини, објаснува главниот инженер на проектот, едноставно преку следење на линиите на патот.
Секој воз може да носи до 307 патници. Наводно ги навигира улиците полесно од автобус, а е поадабтибилен од „обичен“ воз. Крајната брзина му е 70 км/ч – што е малку за воз, ама сосема доволно за градски сообраќај, што е и намената на ART.
Компанијата зад ART, која стои и зад дел од брзите железнички линии во земјата, работи на возот уште од 2013-та, а се надева дека ќе биде готов во 2018-та.
ART има гумени тркала прикачени на пластично јадро, кои се поврзани со неговата технологија за навигација. Поевтин е од метро; изградба на метро чини 400 до 700 милиони јуани (46 – 80 милиони фунти) по километар. ART чини околу 15 милиони јуани (2 милиони фунти) по километар.