Кина ќе обезбеди хуманитарна помош од уште 1.57 милиони долари за Украина

Пекинг, 21 март 2022 (МИА) – Кина ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од 1.57 милиони долари за Украина, „во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата и од потребите“, информираше денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Претходно, овој месец, Кина ја обезбеди својата прва хуманитарна помош за Украина, во вредност од 790.000 долари.

Прочитајте и:  Волц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната
- Реклама -