Кинески инженери подготвија проект за најдолгиот подземен тунел во светот, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на весникот „Чајна дејли”. Проектот ќе и биде презентиран на Владата за одобрување до април. Ако биде одобрен, изградбата ќе започне во 2015 година или 2016 година, а тунелот ќе биде долг 123 километри, што е двојно повеќе од должината на актуелниот рекордер – тунелот што ги поврзува јапонските острови Хокаидо и Хоншу.
Кинескиот тунел треба да биде завршен до 2026 година . Тој ќе тргнува од пристанишниот град Далиан во североисточната покраина Лиаонинг и ќе стига до градот Јентај во источната провинција Шандонг. Патувањето низ него ќе трае околу еден час.
Сега меѓу двата града се плови осум часа со ферибот.
Кина ги објави плановите за изградба на тунелот во 1994 година. Цената на објектот за која што се шпекулираше тогаш беше 10 милијарди долари, а рокот за неговата изградба – до 2010 година . 20 години сепак проектот застана во фазата на планирањето.
Сега неговата цена е веќе порасната на 220 милијарди јуани (36.3 милијарди долари). Студијата дали проектот ќе може да се оствари ќе потрае две-три години.
Најдолгиот тунел во светот, јапонскиот, е со должина од 54 километри, потсетуваат агенциите.
Тунелот „Сејкан” влезе во употреба во 1988 година по градежните активности, што праеле повеќе од две децении. Европскиот рекордер – тунелот под Ла Манш е долг околу 51 километри.