Еден од моментално најамбициозните архитектонски проекти во светот, е градот кој што плови на море, а наскоро би можел да стане реалност, пишува Business Insider.
Нацртите за овој футуристички град ги направи компанијата со седиште во Лондон AT Desingn Office, а за проектот е заинтересирана големата инвестициска компанија China Transport Investment Co, која е подготвена да ја тестира можноста за градење на овој единствен градски систем.
Подземниот дел на градот би бил составен од повеќе делови, таканаречени модули, кои би биле поврзани со подводни тунели.
Овој град е замислен за да се самоодржува, со производство на храна и соларна енергија.
Планирана е и изградба на луксузни хотели, ресторани, како и други објекти.