Не е нејзиниот најдобар изглед!
Ким Кардашијан се појави во бизарно кафеаво трико и хеланки дизајнирани специјално за неа од нејзиниот „креативен“ сопруг.
Тоа беше големото шоу на нејзиниот сопруг и таа носеше еден од неговите дизајни со цел да го поддржи.
Но, тоа не значи дека резултатите беа добри и прекрасни.
Ким Кардашијан се појави во четвртокот на модниот настан Adidas Yeezy на Канје Вест во Њујорк носејќи чудна јакна (која личи на стара војничка јакна од времето на дедо ми), сјајни спандекс кафеави хеланки и зелен градник.
34-годишната реална ѕвезда излгедаше засрамено од необичната облека, бидејќи таа не ја соблече јакната за камуфлажа за време на шоуто.
Во сличен дизајн се појавиле и моделите на модната ревија, во која моделите изгледаа како морничави зомбиња кои стојат. Меѓу нив била и една од сестрите на Ким, Кајли.