И додека нејзиниот сакан славеше роденден во Њујорк, Ким Кардашијан го искористи денот за ручек со пријателките.
Ким ги одбројува деновите до породување, но не сака да запре. Иако не можеше да стигне на 36. роденден на нејзиниот драг Кание Вест, Ким го искористи времето за дружење со пријателките.
Одлично расположената реалити ѕвезда едноставно блескаше. Во долг фустан на пруги и апостолки, идната мајка конечно ги прифати своите облини.
Поради тоа што докторите и препорачаа да не лета со авион, Ким му упати честитка на Кание преку Твитер: „Среќен роденден на мојот најдобар пријател, љубовта на мојот живот, на мојата душа! Те сакам најмногу од се“.