Ким Кардашијан на насловна во бремено бикини издание

Во последно време Ким Кардашијан не престанува да ги полни страниците на магазините со нејзините храбри бремени модни изданија, но се до сега таа се немаше осмелено да ја покаже новата екстра заболена фигура во бикини.

Сепак, освен папарацо-фотографиите кои беа уловени на семејниот одмор во Грција, Ким отиде еден чекор понапред и реши да се спротистави на сите оние кои ја исмеваат нејзината тежина.

fi

Старлетата на насловната страна на познатиот американски магазин „Us Weekly“ се појави во минијатурни пурпурни бикини кои во целост го истакнуваат нејзиниот раскошен стомак.

И оваа фотографија е снимена на Миконос, Грција, а освен со неа деновиве Ким е актуелна и со појавувањето на црвениот килим на настанот „Met Ball“.

338991_kim-kardashian-02afpfoto-larry-busacca_ff

Таа се појави во целосно цветно издание кое многумина го прогласија за тотален кич, а на забавата влезе како придружба на нејзиното момче Кание Вест.

„Met Ball“ е настан кој се огранизира секоја година од страна на уредничката на „Vogue“, Ана Винтур, со која Ким не е во најдобри односи. Таа минатата година беше ставена на листата на непосакувани гости, а оваа влезе како придружба на раперот.

339588_kanje-vest-vogue-sajt_ff

Сепак, на листата за најдобро облечените гости на забавата, која ја уредува Винтур, а на која се најдоа речиси сите познати гости, се најде Кание Вест, но пресечен од неговата девојка. Многумина шпекулираат дека ова дело е одмазда на познатата уредничка.

- Реклама -