Ким Кардашијан викендов роди здраво женско дете, но последната епизода од реалното шоу покажува дека нејзината бременост беше далеку од лесна.
Во неделната епизода на „Keeping Up With The Kardashians“ беше прикажанa посетата на Ким на доктор поради болки во стомакот. Гледачите можеа да ја видат расплаканата Ким која трпела огромни болки поради инфекција.
Болките биле толку јаки што Ким низ солзи рекла дека не сака да поминува низ уште една бременост.
„Беше навистина болна боrба, боли премногу. Едвај се движам“, и рекла Ким на мајка и, Крис Џенер.