Ким Кардашиан разгледувала прекрасен франсцуски замок во понеделникот како можна локација за нејзината свадба која ќе се оддржи на 24 мај со нејзиниот вереник Канје Вест.
Но, додека имотот, кој се наоѓа 14 милји надвор од Париз, изгледа како да е стар, всушност е нова градба од пред само шест години.
Замокот Луј XIV е наменет како имитација на замок од 17-тиот век, но има и модерни удобности прилагодени за принцеза. Чуден избор со оглед на тоа што 33-годишната релити ѕвезда, со години е обвинувана дека и таа е лажна.
Убавицата не се облече соодветно за прошетката. Со четири инчи потпетици и тесен кадифен фустан, таа изгледаше посоодветно за црвениот тепих или филмска премиера.
Кардашиан ја започна неделата со прошетка фатени за рака со Канје Вест, и биле забележани како купуваат во Givenchy, Balmain, и Lanvin во главниот град на Франција.
Ким беше облечена во Lanvin венчаница за насловната на списанието Vogue.
Во меѓувреме, 36-годишниот рапер бил облечен во црна јакна и сива маица, фармерки и шара на бел-леопард чевли.