Ким Кардашиан и Канје Вест планираат раскошна венчавка во Париз, а закажаниот датум е во мај.
Иако венчавката првично ја најавија за во јули, Ким и Канје го смениле датумот два месеци порано. Ивор за USweekly открил како ќе се венчаат во мај во Париз.
Според изјавите на изворот близок на верениците, малата Норт ќе има голема улога во церемонијата, а постојат гласини дека парот подготвува серија на забави пред венчавката.
Верениците градот на љубовта го посетиле пред неколку недели и уживале во романтична вечера и ноќно разгледување на осветлениот Версај.
Ова е трет брак на старлетата, а целата организација на забавата ја превземал Канје.