Kим Јонг Ун ќе прави харем

Со години лидерите во Северна Кореја имаат жени за задоволување, па не е ни изненадувачки што Ким Јонг Ун, актуелниот лидер на Северна Кореја наредил создавање на нови „трупи за задоволство“, сочинети од млади девојки што ќе го забавуваат.

Ваква група имал и неговиот татко Ким Јонг Ил, а женитe кои биле вкучени во оваа „единица“ лично ги бирале луѓето кои биле лојални на тогашниот лидер.

По смртта на својот татко, во декември 2011 година, Ким ја расформирал групата поради недоверба, но сега одлучил повторно да ја активира.

– Откако дојде на власт Ким не му веруваше никому и нареди да ги проверат сите официјални лица – вели за британски „Телеграф“, Тошимицу Шигемура, професор на токискиот универзитет Васеда.

Бидејќи процесот на проверка завршил, како и тригодишната официјална тага поради смртта на Кин Јонг Ил, малдиот лидер е подготвен да избере нова генерација жени кои ќе му бидат при рака.

Жените кои го забавувале неговиот татко, знаеле многу тајни и пред да бидат пуштени дома, наредено им е дека не смеат да откриваат информации- рекол професорот. Според наводите жените кои биле вработени во оваа група порано, добивале по 4.000 долари и техника за домаќинство, а истите биле на возраст од 13 или 14 години, додека регрутерите на нивните родители им зборувале дека тие се избрени за владини мисии.

Родителите секако не смееле да кажат ништо иако претпоставувале што ќе се случи со нивните ќерки. Тие биле сместувани во вилата на лидерот и често му биле на услуга. Повеќето од нив се „пензионирале“ на дваесетгодишна возраст па се омажиле за воените офицери кои биле во потрага по невести.

Инаку сегашниот лидер Ким Јонг Ун е оженет со Ри Сол Џу, поранешна пејачка во еден оркестар и имаат една ќерка.

- Реклама -