Ким Кардашијан ја мачат „тешки“ грижи…
Иако неодамна изгубила околу 1,3 милион следбеници на Инстаграм, Ким Кардашијан има и поголеми грижи- што да облече! Реалити ѕвездата на својот Инстаграм профил објавила слика на која се држи за глава опкружена со вистински „хаос“. Куп облека расфрлана околу неа, а и малата ќерка Норт Вест се обидела да ѝ помогне на мајка си во пронаоѓањето на најдобра модна комбинација.
„Вчера… Борба со наоѓање на модни комбинации“, напишала Ким во описот на фотографијата, која ги изненади фановите бидејќи нејзината секогаш дотерана појава никако не одговара со овој куп стуткани алишта.