Ким е копија на Карлеуша?

Американскиот магазин „УС Викли“ пишува како српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша би можела да биде инспирација зад новиот стил на познатата старлета Ким Кардашијан.

Фановите на Ким се шокирани од фотографиите што Јелена ги објавила пред Ким, па преку социјалните медиуми прашуваат „Која е Карлеуша?“

Магазинот пренесува дека Карлеуша на својот профил на „Инстаграм“ објавила слика на која се гледа дека таа и Ким имаат неверојатно сличен стајлинг.

k1

Магазинот додава дека немаат сомнеж од каде Ким ја црпи инспирацијата.

Иако Јелена ја обвини Ким дека и го краде стилот, таа додаде за магазинот дека нема ништо против старлетата и реалити ѕвезда.

k

 

„Мислам дека нејзините стилисти се инспирирани од мојот профил на Инстаграм. Јас немам стилист, се правам сама“, вели Карлеуша за списанието.

 

- Реклама -