Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун си самододели нова титула, што и не е невообичаено за него, но може и тоа како да не ѝ се допадне на Јужна Кореја. Имено, севернокорејските државни медиуми од неодамна го ословуваат со „врховен претставник на секорејските (т.е. сите корејски) народи“.
Новата титула за првпат се појавила пред два дена, во извештаите на новоизбраниот парламент на Северна Кореја.
Според Рудигер Франк – аналитичар од Виенскиот универзитет кој редовно ги следи случувањата во Северна Кореја, тврдењето дека Ким Џонг Ун дека е „лидер на сите Корејци“ е сосема во склад со неговата долгорочна цел, а тоа е повторно обедување на Корејскиот полуостров под негова власт.
Засега нема официјална реакција од владата во Сеул, но јужнокорејските аналитичари се согласни дека целта на новата титула на Ким е зајакнување на неговата позиција, и воедно промена на досегашната политика, кога Пјонгјанг избегнуваше отворено да посегнува по целиот Корејски полуостров. Со тоа, новата титула е отворен предизвик за јужнокорејскиот претседател, констатира Франк.