Ким Џонг Ун ги погyбил дипломатите „заслужни“ за пропаднатиот самит со Трамп

Северна Кореја ја егзeкyтиpaла својата „нуклеарна делегација“ во преговорите со САД, како дел од голема чистка на функционери кои наводно ги организирале преговорите во насока на пропаѓање на февруарскиот самит во Ханој помеѓу Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп, објави јужнокорејскиот весник Chosun Ilbo, пренесува Reuters.

Kim Hyok Chol заедно со уште четири дипломати бил пoгyбeн во март, на аеродромот Мирим во Пјонгјанг, под обвинение дека сите тие шпионирале за САД, пишува весникот, цитирајќи анонимен извор од Северна Кореја кој има информации за настаните. Hyok Chol бил обвинет за шпионажа поради лошото известување за преговорите, „без соодветно да ги разбере намерите на САД“, вели изворот.

Според весникот, казнет е и човекот кој бил десна рака на Ким Џонг Ун, пандан на американскиот секретар Мајк Помпео. Според изворот, Kim Yong Chol бил пратен во работнички логop на „идеолошка реедукација“.

Клучните функционери кои работеле со него на организација на самитот исто така оттогаш не се видени во јавноста. Меѓу нив е Kim Song Hye – која ги предводела подготовките за самитот и била „главниот автор“ на севернокорејскиот план за обезбедување на олеснување на американските санкции во замена за демонтажа на главниот нуклеарен комплекс Yongbyon. Нејзиниот предлог САД го одбија, барајќи детален план за целосна денуклеаризација. Испратена е во камп за политички затвоpeници.

Од тимот на Kim Yong Chol истата судбија ја снашла и Sin Hye Yong, новоназначената лична преведувачка на Ким Џонг Ун за самитот во Ханој. Таа е обвинета дека направила круцијални грешки во интерпретацијата, вклучително и дека пропуштила „last-minute понуда“ што севернокорејскиот лидер ја направил токму пред Трамп да го напушти разговорот.

Ким е незадоволен и од својата помлада сестра Kim Yo Jong, која во Ханој допатува во улога на негова лична советничка. И нејзиното присуство во јавноста е намалено, но сепак, извори потврдуваат дека се појавувала на клучните партиски средби во април, па се смета дека поминала подобро од останатите.

Како што велат од Reuters, досега не успеале официјално да ги потврдат информациите, а официјална потврда засега нема ниту од официјалните лица од Јужна Кореја. Извори, сепак, потврдуваат дека наведените се казнети, но засега нема докази за наводните егзeкyтиpaња.

- Реклама -