Кирил Поп Христов изутринава повторно бил пренесен на Клиниката за траумотологија, во придружба на полиција, пренесуваат медиумите.
Телевизијата „Алфа“ јави дека, според првичните резултати, туморот неколкукратно му е зголемен откако е приведен за поседување марихуана. Во моментов е толку голем и го притиска на ребрата, но му го отежнува и дишењето.
Семејството и адвокатите на Кили бараат замена на мерката притвор со болничко лекување и предупредуваат дека здравствената состојба на актерот константно се влошува.
Кирил Поп Христов беше уапсен поради производство на марихуана. Во семејната куќа биле пронајдени осумдесетина саксии со марихуана. Според одбраната на Поп Христов, тоа не е марихуана која се користи поради продажба или уживање, туку заради лекување на туморот.