Киев тврди дека собориле пет руски авиони и хеликоптер

Пет руски авиони и хеликоптер соборила украинската војска во близина на енклава под контрола на бунтовниците, соопшти утрово Киев.

„Според командата на Здружените сили, денеска, 24 февруари, во областа на операцијата на Здружените сили, беа соборени пет авиони и еден хеликоптер на агресорите“, соопшти Генералштабот на армијата.

Претходно, како што јави Би-Би-Си, украинските вооружени сили соопштија дека руската војска започнала „интензивно гранатирање“ кон нивните единици на истокот на земјата, како и ракетни напади врз аеродромот Бориспил во близина на Киев и неколку други аеродроми. Сепак, како што се вели во соопштението, украинските воздухопловни сили го одбиле воздушниот напад од Русија.

Руските сили, пак, тврдат дека уништиле неколку украински воздушни бази. Руското Министерство за одбрана претходно демантираше дека Русија ги нападнала украинските градови, туку, како што пренесе РИА, со „високопрецизно оружје“ онеспособила воени цели. Според министерството, „воената инфраструктура во воздухопловните бази на украинската армија е исфрлена од акција“ и „системите за ПВО на Киев се „елиминирани“.

Прочитајте и:  Француски медиуми: Трамп сака трошоците за обнова на Украина да ги сноси ЕУ

Извор: МИА

- Реклама -