Киев: Руските тврдења за употреба на „валкана бомба“ се апсурдни и опасни

Украина негира дека планира да употреби „валкана бомба“ (позната и како направа за радиолошка дисперзија – RDD) против руските сили, откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој во телефонските разговори со претставници од НАТО држави ја изразил загриженоста на Москва дека Киев има намера да употреби таков вид оружје.

„Руските лаги за Украина дека наводно планира да употреби ‘валкана бомба’ се исто толку апсурдни колку што се опасни“, напиша украинскиот министер за надворешни работи – Дмитро Кулеба, на социјалните мрежи.

„Прво, Украина нема никакви ‘валкани бомби’ и не планираме да ги имаме. Второ, Русите често ги обвинуваат другите дека го планираат она што тие самите го планираат“, додаде тој.

Прочитајте и:  Урната брана во регионот Доњецк, полавени неколку села
- Реклама -