Киев ги прекина врските со Северна Кореја поради признавањето на Доњецк и Луганск

Киев, 13 јули 2022 (МИА) – Официјален Киев ги прекина врските со Северна Кореја откако земјата денеска ја призна независноста на регионите Доњецк и Луганск.

Северна Кореја е третата земја, по Русија и Сирија, која призна два отцепени ентитети, Доњецк (ДПР) и Луганск (ЛПР), во украинскиот регион Донбас.

„Оваа одлука ја сметаме за обид на Пјонгјанг да го намали суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, објави Министерството за надворешни работи на Украина на својата веб-страница.

Лидерот на ДПР Денис Пушилин напиша во објава на Телеграм дека се надева на „плодна соработка“ и зголемување на трговијата со Северна Кореја,оддалечена повеќе од 6.500 километри.

Амбасадата на Северна Кореја во Москва денеска потврди дека земјата ја признала независноста на двата ентитета.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Русија, која ги поддржува регионите од 2014 година, ги призна пред инвазијата на Украина во потег што Киев и Западот го осудија како нелегален.

- Реклама -