Киев бара ОН да испратат мировни сили во нуклеарката Запорожје дури и без договор со Русија

Шефот на украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“, Петро Котин денеска ги повика Обединетите нации да испратат мировници во нуклеарната централа Запорожје, дури и без договор со Русија за формирање безбедносна зона околу централата.

Украинците од септември инсистираат дека мировниците на ОН мора да бидат испратени во нуклеарната централа, објави „Гардијан“.

Сепак, ова беше првпат украински функционер јавно да предложи мировни сили да бидат распоредени дури и во отсуство на договор за создавање безбедна зона околу нуклеарната централа.

Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа Запорожје во март минатата година.

МИА

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина
- Реклама -