Киев: 29 градови и села поплавени по нападот на браната Каховка, oва е Херсон денеска (ФОТО)

Нападот на браната Каховка довел до поплавување на 29 градови и села долж реката Дњепар. Десет од тие населби се на украинската страна на реката, соопшти денеска Украинскиот министер за внатрешни работи – Игор Клименко.

Шефот на украинската воена администрација во Херсон, Олександр Прокудин, претходно објави дека Украина евакуирала околу 1.700 луѓе од поплавените подрачја до 13 часот по локално време.

Украинското Министерство за одбрана, пак, објави фотографија за која тврди дека го прикажува градот Херсон ден по поплавата предизвикана од уништувањето на браната на хидроцентралата Нова Каховка, со порака дека Русите и покрај сѐ се неуспешни.

„Ова е Херсон денеска. Русите се обидоа со сѐ што можеа да го освојат овој град. Испратија војска, го гранатираа, го поплавија. Не успеаја во ништо. Така и ќе продолжи. Како во Херсон, така и на други места во Украина“, порачаа од министерството.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина

Како потсетување, Херсон е единствениот главен град на украински регион што Русите го окупираа на почетокот на инвазијата, а потоа се повлекоа од него под притисок на напредувањето на украинските сили, за на крајот и да го ослободат.

Во меѓувреме, руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на браната, што доведе до поплави кои раселија илјадници и оставија стотици илјади луѓе без нормален пристап до вода за пиење. Киев тврди дека минирањето на брана е руска „еколошка бомба за масовно уништување“, додека Москва вели дека тоа е терористички чин извршен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива.

Извор: МИА

- Реклама -